← Сите совети

Зошто лаптопот се прегрева и прави бучава?

Прашина и стара термална паста — и зошто прегревањето е опасно.

Ако лаптопот е жежок, вентилаторот е гласен, а понекогаш се исклучува сам при игри или потешка работа — речиси секогаш причината е прегревање.

Со време, внатре се насобира прашина што ги затнува отворите и ладилникот. Термалната паста меѓу процесорот и ладилникот се суши и веќе не ја пренесува топлината добро. Резултатот е висока температура, бучава и успорување (компјутерот сам се забавува за да не се оштети).

Прегревањето не е само непријатно — со време ги скратува животот на компонентите.

Решението е внатрешно чистење од прашина и замена на термалната паста. Кај лаптопите ова се препорачува приближно еднаш годишно, зависно од условите. По сервисот, температурите паѓаат, вентилаторот стивнува и перформансите се враќаат.

Кај нас го гледате резултатот — фотографираме пред и потоа за секоја интервенција.

Имате прашање за вашиот компјутер?

Јавете се — советот е бесплатен, а дијагностиката ја правиме пред да почнеме со работа.

Јави се: 075 446 715
Јави се · 075 446 715