← Сите совети

Што значи „тестиран“ компјутер и зошто е важна гаранцијата?

Како да бидете сигурни дека компјутерот што го купувате е стабилен.

Кога велиме дека компјутерот е „тестиран“, тоа значи дека пред да го понудиме, тој поминува проверки под оптоварување — процесорот и графичката се тераат на максимум за да се потврди дека системот е стабилен, не се прегрева и не се исклучува.

Зошто е ова важно? Затоа што проблем што не се гледа на прв поглед (нестабилна компонента, лошо ладење) излегува токму под оптоварување — на пример среде игра или работа.

Со секој наш компјутер добивате јасен список на компоненти, реални фотографии.

Советот е едноставен: не купувајте компјутер „на слепо“. Барајте да видите што има внатре, дали е тестиран и дали ако нешто тргне наопаку ќе има каде да се обратите за помош.

Гаранција не значи секогаш дека сте сигурни при купувањето. Најчесто никој не ги чита гарантните услови напишани со ситни букви најдоле на листот, а тука јасно пишува (буквално на секој гарантен лист што сте го добиле до сега) дека доколку нешто тргне наопаку, вие сте го расипале уредот и дека ќе треба да си платите за делот и поправката, или новиот компјутер ќе ви биде задржан најмалку 15-30 дена на сервис.

Имате прашање за вашиот компјутер?

Јавете се — советот е бесплатен, а дијагностиката ја правиме пред да почнеме со работа.

Јави се: 075 446 715
Јави се · 075 446 715