И половен и нов компјутер имаат свое место — зависи од буџетот и од тоа за што ви треба.
Половен (или рачно склопен од проверени компоненти) може да понуди одлична вредност за парите — често добивате посилен компјутер за истата цена. Ризикот е ако купувате од непознат продавач без проверка.
Нов има гаранција и најнови компоненти, но затоа чини и многу повеќе (некогаш и премногу).
Нашиот пристап ги спојува предностите: компјутерите што ги продаваме се склопени и темелно тестирани, со јасен список на компоненти, реални фотографии и гаранција. Знаете точно што купувате.
Пред да купите било каде, слободно прашајте не — ќе ви кажеме искрено дали конфигурацијата вреди за цената и дали одговара на вашите потреби.