Не секој стар компјутер треба да се фрли. Понекогаш мала надградба го враќа во живот; понекогаш вложувањето нема смисла.
Вреди надградба кога основата е добра: пристоен процесор и матична плоча, а само дискот е бавен (HDD) или има премалку RAM. Замена со SSD и додавање меморија прават огромна разлика за мали пари.
Не вреди кога основата е премногу стара — тогаш би морале да смените речиси се, па подобро е нов (или рачно склопен) компјутер.
За игри, често е доволно да се замени само графичката картичка, секако доколку останатите компоненти се добри.
Ние правиме бесплатна проценка: гледаме што имате, ви кажуваме што реално ќе добиете со надградба и колку чини, за да одлучите со точни бројки — без притисок да купите.